Алушовски: Нексе е добра проверка за тоа колку имаме напредувано како тим

Вардар утре ќе го пречека Нексе во вториот натпревар во новата сезона во регионалната СЕХА лига. Тренерот на „црвено-црните“ Стевче Алушовски вели дека хрватскиот тим е одлична проверка за тоа до каде е екипата и колку има напредувано од почетокот на сезоната.

„По мечот со Војводина ни претстои Нексе кој е многу потежок и посериозен противник. На почеток на сезоната се сеќавате дека од нив загубивме на домашен терен во тоа четвртфинале за палсман на Ф4 во СЕХА лигата за минатата сезона. Тие се добра проверка за се што работевме во изминатиот период, да видиме колку има напредувано екипата. На секој натпревар кога играме дома во СЕХА сме фаворити и не бегаме од тоа. Нексе е квалитетен и озбилен противник и се подготвуваме за него. Мислам дека сме подготвени и ќе се покажеме во подобро светло од тоа со Војводина“, изјави Алушовски. 

Натпреварот меѓу Вардар и Нексе е закажан за понеделник во 20:15 часот во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.

Се вчитува...