Стратегот на Работник, Стевче Алушовски, не крие дека очекува далеку подобро издание од својот тим на неделниот дуел од ЕХФ Купот против Нексе. Битолчани претрпеа порази во првите три средби од групната фаза, а во минатото коло загубија токму на гостувањето во Хрватска, откако во првото полувреме одлично му парираа на вицешампионот на оваа земја. Според Алушовски, најважно на неделниот натпревар ќе биде кај македонскиот претставник да нема преголемо осцилации во играта.
„Сакаме да покажеме едно лице, а не две како во Нашице. Анализиравме и верувам дека в недела ќе бидеме константни. Нексе Нашице е голем фаворит, но убеден сум во добро издание. Имаме неколку повредени ракометари, Остроушко се жали на мала повреда, но верувам дека ќе го имаме на располагање в недела. Овие шест европски натпревари ни се подготовка за најважното кое следи, а тоа е плеј-офот“ – изјави Алушовски.
Натпреварот се игра в недела во 19:00 часот во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА