Алварез може да си замине од Сити ако не добива поголема минутажа

Манчестер Сити сака да го продолжи договорот со аргентинскиот напаѓач Хулиан Алварез. Напаѓачот веќе имал контакти и со други клубови како Барселона, и размислува да си замине од Сити, ако не добива поголема минутажа.

Засега во Сити прв избор е Ерлинг Халанд, но Пеп Гвардиола некогаш го става заедно со Алварез, меѓутоа Аргентинецот сака да игра уште повеќе.

Според последните информации, напаѓачот ја одбил можноста за продолжување на договорот, иако новиот е со повисока плата.

Се вчитува...