Алварез: Шкупи мора да победи во Кратово, трката за титула продолжува

Шкупи мора до победа на гостувањето против Силекс во Кратово денеска од 15 часот во 24. коло од ПМФЛ, доколку сака продолжување на битката за титула со Шкендија.

Оваа пролет двете екипи веќе одиграа меѓусебен натпревар кој заврши со победа од 0-1 на Шкупи по голот од пенал во 79. минута на Фреди Алварез.

Костариканецот сега верува дека може да се повтори триумфалната партија…

„Не чека навистина тешко гостување. Се работи за израмнети екипи, а од друга страна јасно ни е на сите во Шкупи дека овој меч мора да се добие како би ја продолжиле битката за титулата. Ако ја повториме играта од 3. март во Кратово, кога победивме со 0-1, верувам дека ќе успееме и денеска да дојдеме до трите бода“ – вели Алварез.

Се вчитува...