Алвес: Дајте ми два часа и ќе го вратам Меси во Барселона

Дани Алвес по втор пат беше претставен пред публиката на „Камп Ноу“. Премиерното претставување на Бразилецот се случи пред 13 години, а сега во завршната фаза на својата кариера повторно ќе биде дел од каталонскиот на кој ќе му помогне во проблематичниот период.

Триесетиосум годишниот Бразилецот кој освои 23 титули за Барселона на претставувањето говореше за амбициите, но и за Лео Меси за кој се нашали дека за два часа може да го врати во тимот.

„Годините се само број. Го докажав тоа и на Олимписките игри. Луѓето го очекуваат најдоброто од мене и тоа ќе го добијат. Не се родив да бидат втор, туку прв и не дојдов тука за забава. Дојдов да се борам за својата позиција и да играм“, изјави Алвес кој потоа продолжи

„Меси? Дајте ми два часа и ќе го вратам. Историјата е веќе запишана и засекогаш ќе го помнам. Тој е најдобриот играч и за мене соиграч од сништата. Нормално е да ни недостасуваат поранешни играчи, но сега е друга приказна. Додека се сеќаваме на великаните од минатото, мораме да се потпреме на силите кои се тука за да ја вратат славата на клубот“

Се вчитува...