Алвес подготвен за повратничко деби (ФОТО)

Враќањето на Дани Алвес на „Камп Ноу“ предизвика еуфорија кај навивачите на Барселона кои сега и официјално ќе можат да го видат легендарниот Бразилец на еден натпревар откако клубот потврди дека го регистрира 38-годишникот.

Повратничкото деби на бекот кој го носеше каталонскиот дрес од 2008 до 2016 година се очекува да биде на натпреварот против Линарес во шестнаестфиналето од Купот на кралот, дуел кој ќе се одигра денеска со почеток од 19 часот и 30 минути.

Се вчитува...