Алвеш ќе го „издрибла“ Сити, следи трансфер во ПСЖ

Дани Алвеш по раскинот на договорот со Јувентус се наоѓаше на чекор до Манчестер сити, па во текот на следната седмица требаше да пристигне во Англија и да го потпише договорот со „граѓаните“.

Сепак, последните информации поврзани со овој фудбалер велат дека тоа нема да се случи бидејќи Алвеш во последен момент се премислил и решил кариерата да ја продолжи во ПСЖ. Францускиот гигант се активирал откако Бразилецот станал слободен играч достапен без никаква отштета, нудејќи му подобри финансиски услови при двогодишниот договор на „Паркот на принцовите“.

Унаи Емери се подготвува за продажба на Серж Орие, па Алвеш би бил идеален прв избор на ПСЖ на позицијата десен бек за следната сезона. Доколку овој трансфер се реализира, тоа ќе биде голем проблем за Пеп Гвардиола, кој го сметаше Бразилецот за сигурно засилување во ситуација кога летово веќе ги продаде двајцата фудбалери што играат на неговата позиција, Бакари Сања и Марсело Забалета.

Се вчитува...