Алжир бара да се повтори натпреварот со Камерун

Алжир во најдраматичниот натпревар за пласман на Мундијалот во Катар, загуби од Камерун со гол во 124 минута. Алжирците по првиот меч имаа предност од 1-0, пред реваншот на домашен терен кој го загубија со идентичен резултат.

Во 118. минута, Алжир поведе 2-1, и беше блиску да се најде на Мундијалот, меѓутоа во 124. минута Токо-Екамби донесе 1-2 за Камерунците, и ги однесе на Мундијалот. Алжирците беа во солзи, а на селекторот му се слошило.

Два дена после натпреварот, Алжирците од ФИФА одлучија да бараат повторување на натпреварот. Тврдат дека се ограбени и дека судијата имал низа на грешки кои влијаеле на резултатот, што е секако бизарна причина.

„Го кажувам ова без страв. Судии не ја почитуваат нашата земја. Не барам изговори, но ова што судиите го правеа во Алжир е неверојатно. Доволно е да се види нивниот голман како ја задржуваше топката. Ова е неподносливо“, рече селекторот Џамел Белмади.

Се вчитува...