Алжир е шанса за прва победа на Македонија на СП

Ракометната репрезентација на Македонија денеска ќе се сретне со репрезентацијата на Алжир во натпревар од 1. коло во „Президент купот“ кој е разигрување за позициите од 24. до 32. место на Светското првенство во Полска и Шведска.

По очајните игри во групата во Краков во која сите натпревари ги загубивме со двоцифрена разлика, мечот со Алжир е шанса за докажување на ракометарите по бројните критики кои што ги добија од јавноста, посебно по убедливиот пораз од Аргентина во последното коло.

Селекторот Кирил Лазаров вели дека иако нема големо резултатско значење тие ќе одат на победа против Алжир, како би ја почувствувале сласта на победата…

„Сакаме да ја почувствуваме сласта на победа, сакаме да не паднеме во депресија, да играме со послаби противници. Не треба да бидеме депресивни, но незадоовлни – да. Да добиеме нови играчи да видиме кој може да одговори на ваков тип на мечеви“, вели Лазаров.

Натпреварот кој ќе се игра во полски Плоцк е закажан во 15.30 часот.

Се вчитува...