Амбициозниот Ливерпул се вклучува во трката за Мбапе

Ливерпул е подготвен да се наддава со најбогатите клубови за потписот на најбараниот талент во Европа, Килијан Мбапе од Монако. Француската сензација е на пат да стане најскапиот фудбалер во светот, по само една сезона откако Погба го постави рекордниот износ од 105 милиони евра.

Според она што го шпекулираат британските медиуми, Јирген Клоп, наводно контактирал со агентот на Мбапе за евентуален трансфер во Ливерпул, но ангажманот на супер-талентот ќе биде многу тешка задача за германскиот стратег, со оглед на тоа дека во комбинација за потписот на Мбапе се Реал Мадрид, Арсенал, ПСЖ и Манчестер јунајед.

Сите конкуренти се подготвени да издвојат вртоглави 110 милиони евра, но Мбапе има само еден услов за неговиот иден клуб, да биде редовен стартер, смета дека на неговите 18 години потребно му е да игра што повеќе за да се надгради како фудбалер, да добие што повеќе искуство.

Факт е дека на Мбапе ќе му биде исполнет условот, нормално дека ќе биде стартер доколку некој клуб издвои рекордна сума за него.  Но, очигледно е дека би го напуштил Монако само за еден клуб, а тоа е Реал Мадрид. Како што изјави и самиот Мбапе, Реал е клубот за коj навива, Кристијано Роналдо е негов идол, а Зидан е причината што Мбапе е вљубен во овој спорт, па сето тоа наговестува дека во иднина ќе го гледаме во белиот дрес. Можеби и затоа засега одбива да ги напушти „кнезовите“, ќе чека понуда од „кралевите“ за да си го оствари сонот.

Се вчитува...