Американецот Крли стана шестиот најбрз човек во историјата

Американскиот спринтер, Фред Крли во финалето на 100 метри на квалификациите на САД за Светското првенство во Јуџин, истрча време од 9,76 секунди.

Крли кој е освојувач на сребрениот медал од игрите во Токио минатата година, е во одлична форма воочи шампионатот кој на програмата е од 15. до 24. јули.

Со овој резултат тој стана шестиот најбрз човек во историјата, а пред него се само легендарните Јусеин Болт, Тајсон Геј, Јохан Блејк, Асафа Пауел и Џастин Гетлин.

 

Се вчитува...