Американскиот бек, Мек Смит (27 год, 190 см) ќе биде четвртиот американски кошаркар во дресот на МЗТ Скопје за претстојната сезона, откако денеска потпиша едногодишен договор со клубот од Аеродром.
Смит се очекува неделава да им се приклучи на своите нови клупски колеги и да му се стави на располагање на стручниот штаб за стартот на домашното првенство и на АБА2-лигата. Првиот следен меч за МЗТ е против Маџари следниот викенд, а на регионална сцена македонскиот првак почнува следниот вторник (7 октомври) против Вршац.
„Станува збор за одличен шутер, кој добро ги познава приликите во македонската кошарка, откако претходно настапуваше за екипите на Академија ФМП и за Тиквеш. Смит има и одлична универзитетска кариера зад себе, со оглед што е рекордер по бројот на натпревари на кои постигнал тројка во НЦАА лигата. Неговиот рекорд изнесува 91 натпревар со најмалку еден прецизен удар за три поени. Тој е и само вториот интернационалец во макбаскетот со остварен трипл-дабл и тоа во дресот на ФМП“, стои во објавата на МЗТ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

