Работнички не запира со ангажманот на нови кошаркари, па по Марјан Младеновиќ од Куманово денеска беше комплетиран трансферот на уште еден плејмејкер. Станува збор за Американецот Дамиер Питс, кој потпиша договор со македонскиот вицепрвак со важност до крајот на сезонава.
Питс (30 години) е висок 178 сантиметри и го одликува исклучителна брзина, нешто што му недостигаше на тимот на Мите Мираковски во првиот дел од сезоната. Тој ја почна професионалната кариера во шампионатот на Исланд, каде во просек постигнуваше по 33,5 поени по натпревар. Питс потоа ги бранеше боите и на Истанбул, Росето, Вентспилс, Катаја, Бенфика… а во „Градски парк“ пристигнува од Унгарија, каде настапуваше за екипата на Шопрон.
Се очекува новиот плејмејкер да дебитира за Работнички во следното коло од македонскиот шампионат, во кое „центарци“ ќе му гостуваат на Пелистер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА