Американките убедливи на стартот на кошаркарскиот турнир во Токио

Првиот фаворит на женскиот кошаркарски турнир на Летните олимписки игри во Токио, Соединетите Американски држави без проблеми ја совладаа Нигерија со 81-70.

Женскиот „дрим-тим“ беше во проблеми само во првата четвртина која ја загуби со 17-20. Во вторите десет минути Американките уфрлија во повисока брзина и веќе на полувреме имаа предност од дванаесет поени разлика (44-32).

Во вториот дел само рутински го приведоа мечот до крајот за конечен триумф од 81-70. Вилсон со 19 поени беше најефикасна во победничкиот табор, додека кај Нигеријките Калу заврши со 16.

Се вчитува...