Американска атлетичарка го тужи „Најк“ за „скромни“ 20 милиони долари

Американската атлетичарка Мери Каин поднесе тужба против нејзиниот поранешен тренер Алберт Суарез и производителот на спортска опрема „Најк“ во вредност од дури 20 милиони долари. Каин ги обвинува Суарез и „Најк“ за злоупотреба за време на нивното учество во атлетска програма, која сега е затворена.

25-годишната спортистка веќе има изјавено дека била принудена да ја намали телесната тежина до нездраво ниво, што и донесе чекор назад во кариерата, па размислувала и за самоубиство. Каин на крајот одлучи да го тужи својот поранешен тренер. Таа го тужеше и „Најк“ бидејќи верува дека производителот на спортска опрема знаел за злоупотребата на која била изложена.

Инаку, програмата „Најк Орегон“ беше затворена во 2019 година, откако Американската антидопинг агенција (УСАДА) го казни Салазар со четиригодишна забрана за работа за попречување на процесот на допинг контрола.

Се вчитува...