Претстојното Светско Првенство во фудбал ќе мине без САД, откако оваа селекција не успеа да ја доврши работата и да си обезбеди билет за Русија. Американците во последното коло гостуваа против Тринидад и Тобаго, а за пласман на СП им беше доволен само еден бод. Дури и во случај на пораз тие може да дојдат до руска виза, но им беше потребно веќе пласираните Мексико и Костарика да не загубат на гостувањата против Хондурас и Панама, но се случи токму тоа – двајцата аутсајдери со пресвртри во вторите полувремиња стигнаа до победи, а Американците претрпеа минимален пораз од 2-1.
Очајниот старт беше главна причина за овој очаен настап на САД откако Омар Гонзалес си постигна автогол во 17. минута, а дваесет минути подоцна Алвин Џонс зголеми на 2-0. Американците до крајот постигнаа само почесен погодок преку Кристијан Пулишиќ, но тоа не беше доволно за мундијалски билет, па по 32 години повторно еден фудбалски мундијал ќе мине без американскиот национален тим како учесник.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА