Ралф Рангник пристигна на „Олд Трафорд“ како дел од голем проект за враќање на Манчестер Јунајтед на местото кое припаѓа, но авантурата на германскиот стратег во Англија заврши по само неколку месеци. Сега како селектор на Австрија стратегот открива детали за раководството на клубот на чело со американското семејство Глејзер кои нема да им се допаднат на навивачите на „црвените ѓаволи“.
Германецот на „Олд Трафорд“ сакал да доведе врвни фудбалери како Јошко Гвардиол, Кристофер Нкунку, Алваро Мората, Луис Дијаз, Душан Влаховиќ и Ерлинг Халанд, но раководството не се сложило со неговата идеја.
„Имав листа од неколку имиња кои сакав да ги купиме, но клубот не сакаше да ги донесе на „Олд Трафорд“. И без таа листа, на секого му беше јасно дека во клубот требаше да се направат големи промени. Затоа зборувавме за играчи како што се Јошко Гвардиол или Кристофер Нкунку од Лајпциг кои беа реални мети. Исто така зборувавме и за Алваро Мората, Луис Дијаз, Душан Влаховиќ и како што кажав претходно, Ерлинг Халанд и тоа кога сите играчи беа достапни на трансфер пазарот. Сепак, управата на клубот одлучи да започне реконструкција на тимот со нов менаџер“, открива Рангник.
Навивачите на Манчестер Јунајтед веќе подолго време бараат заминување на американското семејство Глејзер од раководството на клубот, а ваквиот вид на пропусти сигурно нема да го подобрат односот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА