Американци сакаат да го купат Наполи, Де Лаурентис бара 700 милиони

Американски инвеститори сакаат да го купат Наполи, а Аурелио де Лаурентис го проценува клубот на 700 милиони евра, тврди „Ла Газета дело спорт“.

Наполи во последните години е стабилен прволигаш, и во последните неколку години се бори за титулата, и редовно игра во Лигата на шампионите или во Лигата на Европа.

Сега Наполи е интересен за американски инвеститори кои се подготвени да го купат клубот.

Де Лаурентис и натаму не одлучил дали е подготвен да го продаде клубот, а пред извесен период тој истакна дека неговиот клуб вреди 700 милиони.

Се вчитува...