Американците не брилјираат, ама ја победија Шпанија на последниот тест пред ЛОИ

Кошаркарите на САД ја победија Шпанија со 83-76 на пријателскиот натпревар одигран во рамките на подготовките за Олимписките игри.

Американците стигнаа до победа против Шпанија која досега ги имаше сите победи на тест-дуелите, но во Лас Вегас мораа да честитаат на подобриот.

Скромната кошаркарска претстава, посебно во првата четвртина со вкупно 32 поени (14-18), потоа Шпанците имаа предност на полувремето (36-38), за да на крајот со доминантно второ полувреме САД дојде до победата.

Демијан Лилард постигна 19 поени, дополнето и со шест асистенции, Келдон Џонсон имаше 15 поени, Кевин Дурант – 14 поени, а Зак Лавајн – 13 поени. Кај Шпанците најефикасен беше Рики Рубио со 23 поени.

Ова беше последна проверка за САД пред патот за Токио на Олимписките игри, каде е во група со Франција, Иран и Чешка.

Се вчитува...