Американците почнаа да губат па веднаш се жалат: Виновни се топките на ФИБА!

Кошаркарската репрезентација на САД по подолго време го загуби првиот натпревар на Олимписките игри. Мега-тимот на Грег Попович исполнет со НБА ѕвезди беше сопрен од Франција по што подлегна под жестоки критики во јавноста во САД, а сега Американците најдоа изговор за лошата игра.

Имено, поранешниот НБА играч Раџа Бел како причина за лошото шутирање на НБА ѕвездите ја наведе топката на ФИБА која не е стандардна во НБА лигата.

„Тоа е многу голем проблем. Отсекогаш велев дека топките на ФИБА ми создаваа проблеми во шутот, а тоа го велат и други НБА играчи. Ја мразам таа топка. Полесна е, се чувствува како да е помала, има друга текстура… Шутот се базира на меморијата на мускулот, а со неа се менува се освен обрачот и висината на кошот“, вели Бел.

Интересно е тоа што топката на ФИБА не му создаде проблеми на Лука Дончиќ кој во првиот натпревар на Олимписките игри постигна 48 поени, како и на Еван Фурние кој ги „потопи“ Американците со 28 поени.

Се вчитува...