Американците се разбудија и ја растурија Аргентина

Кошаркарската репрезентација на САД конечно ја прекина серијата слаби игри и резултати, декласирајќи ја селекцијата на Аргентина со 108-80, на контролниот меч што се одигра во Лас Вегас како подготовка за ОИ во Токио. Американците беа шокирани од Нигерија и од Австралија на последните две тест-средби, но овојпат одиграа на висина на задачата, стигнувајќи до убедлива победа за враќање на самодовербата.

Пресудна беше првата четвртина во која дрим-тимот постигна 33 поени, стигнувајќи до убедлива предност што уште повеќе ја зголеми до самиот крај на мечот. Дурант и Бил со по 17 поени ги предводеа стрелците кај САД, два помалку од нив постигна Зек Левајн.

„Ова дефинитивно беше подобро. Малку по малку, секој ден ќе бидеме се подобри, се надевам“, изјави американскиот селектор Грег Попович.

Ветеранот Луис Скола постигна 16 поени за 19 минути на теренот за Аргентина, Лапровитола реализираше 13, а Кампацо 12 поени за „гаучосите“.

Се вчитува...