Репрезентацијата на САД по само две кола го осигура пласманот во следната фаза од СП 2026 откако во првиот меч од вечерашната програма ја совлада Австралија со резултат 2-0. Првото полувреме се покажа клучно, домаќинот носен на крилјата по одличната победа над Парагвај во првото коло повторно тргна фуриозно, а таквиот пристап им донесе рано водство.
Одличниот продор по левата страна донесе и опасно нафрлување во петерецот, каде дефанзивецот Бурџес не се снајде најдобро и во 11. минута ја смести топката во сопствената мрежа. Пресингот што Американците го играа по целиот терен им создаде многу проблеми на противниците, домаќините имаа целосна контрола на случувањата на теренот и заслужено стигнаа и до втор гол, дело на Фриман во 43. минута.
Балогун промаши зицер при 2-0 на самиот почеток од второто полувреме, како што одминуваше времето, така и Австралија земаше залет и се почесто се селеше пред противничкиот шеснаесетник, но резултатот остана оној истиот од првите 45 минути, па овој натпревар одигран во Сиетл заврши со радост на САД и конечна победа од 2-0.
Во вториот натпревар од второто коло во оваа група се среќаваат Турција и Парагвај.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
