Амиен го изненади Монако: Јоветиќ донесе барем бод… (видео)

Монако не успеа да ја оправда големата фаворитска улога во пресметката од 13. коло во француската Лига 1, играјќи само 1-1 на гостувањето против една од најслабите екипи во лигата, Амиен.

Монако, по три едноподруго победи, на крајот мораше да се задоволи со ремито кое го бркаше по водството на домаќините со голот на Гакпе уште од 31. минута. Бодот за Монако го донесе црногорскиот репрезентативец Стеван Јоветиќ во 67. минута…

По ова реми, Монако со 29 бода е на три бода од водечкиот ПСЖ кој има и натпревар помалку, оној утрешниот против Нант од 17 часот.

Се вчитува...