Аморим е загрижен: Шешко го повреди коленото!

Манчестер Јунајтед ремизираше 2-2 против Тотенхем, меч што „црвените ѓаволи“ го завршија со играч помалку откако Бенџамин Шешко заработи повреда во финишот, па мораше да го апушти тереннот иако Аморим веќе ги имаше искористено сите замени.

Португалскиот стратег во изјавата по натпреварот обелодени дека повредата на словенечкиот голгетер воопшто не е наивна и  Шешко најверојатно ќе мора подолг период да отсуствува од терените.

„Да бидам искрен, загрижен сум за Шешко. Станува збор за проблем со коленото, тоа е сигурно, не знам што точно, но проблемот е во коленото. Ќе ги почекаме лекарските прегледи, но ни треба Шешко за да бидеме подобар тим. Оваа повреда е големо разочарување за сите во екипата“, изјави Аморим.

Се вчитува...