Тренерот на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим, беше многу незадоволен од играта на неговите избраници по поразот од Евертон.
Португалецот ги критикуваше своите играчи дека не му одговориле на противникот на соодветен начин во однос на интензитетот.
„Тие беа подобар тим и со 10 играчи. Не им одговоривме со ист интензитет и тие заслужија да победат. Другиот тим ни помогна со црвен картон, а ние тоа не го искористивме. Моравме да направиме повеќе во секој момент. Моравме да ги притискаме посилно во последната третина. Моравме да направиме повеќе“, рече Аморим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

