Рубен Аморим веќе почна да бара засилувања за Манчестер Јунајтед во јануарскиот преоден рок, а едно од нив треба да дојде како замена за Кашемиро. Бразилецот се приклучи на Манчестер Јунајтед од Реал Мадрид во 2022 година, а неговиот договор со тимот од Олд Трафорд истекува на крајот од сезоната.
Иако Рубен Аморим би сакал Кашемиро да продолжи понатаму, постои еден голем проблем околу сето тоа. Челниците на Манчестер Јунајтед сакаат Кашемиро да прифати намалување на платата за да остане на Олд Трафорд, а тој не сака да го стори тоа.
Кашемиро е најплатениот играч во Манчестер Јунајтед, а Сер Џим Ратклиф, кој е сопственик на овој тим, не сака да ја активира опцијата за продолжување на договорот за уште една сезона.
Па, челниците на Манчестер Јунајтед веќе почнале да бараат негова замена и дека сè било „нарачано“ од Рубен Аморим.
Наводно, Манчестер Јунајтед ќе се обиде оваа зима да го донесат играчот на Реал Мадрид, Чуамени. Французинот пристигна во Реал Мадрид во 2022 година од Монако и стана еден од најдобрите дефанзивни играчи од средниот ред во светот. Покрај тоа, неговата предност е што може да игра многу добро на позицијата стопер, а токму таков фудбалер му е потребен на Аморим.
Французинот во досегашната кариера ја освои Ла Лига, Купот на кралот и Лигата на шампионите со Реал Мадрид.
Шпанските медиуми пренесуваат дека од Реал Мадрид немаат против заминување на Чуамени, но за негова продажба ќе бараат 100 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

