Рубен Аморим веќе почна да бара засилувања за Манчестер јунајтед во јануари, а едно од нив треба да дојде како замена за Касемиро. Имено, челниците на „црвените ѓаволи“ сакаат бразилскиот играч од средниот ред да прифати намалување на платата за да остане на „Олд трафорд“, а тој не сака да го стори тоа.
Англиските медиуми објавуваат дека челниците на Манчестер јунајтед веќе почнале да бараат негова замена и дека сè било „нарачано“ од Рубен Аморим. Наводно, премиерлигашот ќе се обиде за прв пат зимава, а ако не успеат, тогаш следното лето да го доведе играчот на Реал Мадрид, Аурелиен Чуамени.
Французинот пристигна во Реал Мадрид во 2022 година од Монако и стана еден од најдобрите дефанзивни играчи од средниот ред во светот. Во Реал се свесни дека имаат еден од најдобрите играчи од средниот ред во светот и нема да го пуштат толку лесно, но сепак „црвените-ѓаволи“ ќе направат се за неговиот потпис.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

