Аморим жестоко нападнат од навивачите по новиот кикс на Манчестер јунајтед

Навивачите на Манчестер Јунајтед едноставно се заситија од сè и решија да го истурат целиот свој гнев на социјалните мрежи по ремито (1-1) на тимот со Вест Хем во Премиерлигата.

Навивачите на Јунајтед ги окупираа социјалните мрежи и го „нападнаа“ Аморим затоа што го внесе Угарте место Куња во 77. минута од натпреварот. По само седум минути по таа измена, Вест Хем успеа да дојде до гол за конечни 1-1.

„Секој пат кога Угарте ќе влезе на теренот, тој прима гол. Угарте влезе и сè уништи“ – е еден од коментарите на социјалните мрежи.

„Едноставно, секогаш кога Угарте ќе добие шанса на крајот од натпреварот, ние примаме гол. Фактот што го стави Угарте пред Маино во ваков натпревар е доволен за да биде отпуштен. Угарте влезе на теренот и ја изгубивме целата контрола врз играта. Кога ќе научи веќе?“

Навивачите не се задоволни од начинот на кој Аморим го води тимот, но ниту од Угарте и неговите игри кога е на теренот.

Се вчитува...