АМС и РФМ ги пречекаа ракометарите на аеродром (ФОТО)

Македонската ракометна репрезентација до 21 година пристигнаа во Скопје, по одличниот резултат на Светското првенство во Алжир – освоеното шесто место.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски заедно со претставници на Ракометната федерација на Македонија ги пречекаа ракометарите на аеродромот во Скопје и им честитаа за постигнатиот успех.

precek ams 1

Големо е задоволството и кај селекторот, Илија Темелковски, кој со својата стручност и искуство ги предводеше момците кон овој резултат.

precek ams 2

Во разговор со ракометарите и во изјава за медиумите, Каевски напомена дека мора да се вреднува овој резултат на младата македонска репрезентација и со поддршка и заедничка соработка да се инвестира во ракометот за уште подобри резултати во иднина .

precek ams 4

„Агенцијата за млади и спорт ќе ги поддржи дополнително ракометарите, со цел да продолжат со континуираните резултати. Само така ќе покажеме вистинска грижа кон спортот“, изјави Каевски.

precek ams 5

Се вчитува...