Ана Марија Георгиевска поразена на стартот на Европските игри

Една од најдобрите македонски таеквондистки Ана Марија Георгиевска загуби во првото коло во категоријата до 73 килограми на Европските игри во Краков, Полска.

Македонската таеквондистка во првото коло беше поразена од Хрватката, Ника Клепац со 2-0 по рунди.

Сепак, шансите за Георгиевска се уште не се изгубени, бидејќи ако Клепац стигне до финалето таа ќе има шанса преку репасажот да стигне до борба за медал.

Денеска својот настап ќе го има најдобриот македонски таеквондист во историјата Дејан Георгиевски.

Се вчитува...