Анадолу Ефес преку Барса до Ф4 и полуфинален дуел со Фенербахче

Два турски претставници ќе има на Ф4 турнирот од Евролигата. Анадолу Ефес ја доби мајсторката против Барселона со 80-71 и со третиот триумф во серијата обезбеди полуфинална пресметка на завршниот турнир против Фенербахче.

Барселона одигра одлична прва четвртина и обезбеди пет поени предност (23-28), но Ефес возрати силно во вториот период и на одмор замина со позитива (47-42). До самиот крај, турскиот тим имаше контрола на резултатот и успеа да ја исполни целта.

Шејн Ларкин и Адриен Морман со по 18 постигнати поени беа најефикасни во составот на Анадолу Ефес. Крис Синглтон и Томас Хуертел со по 12 кошеви беа водечки стрелци кај Барселона.

Се вчитува...