Анадолу Ефес шампион на Турција

Кошаркарите на Анадолу Ефес по неуспехот во овогодинешното издание на Евролигата, се „утешија“ со титула во турскиот шампионат. Тие денеска во Измир го совладаа тимот на Пинар Каршијака со 83-74, и така ја добија финалната серија со 3-0.

Екипата од Истанбул така стигна до рекордната 16-та титула во Турција, и го врати пехарот во своите витрини откако минатата година му го препуштија на Фенербахче.

Ефес иако настапи без неколку важни играчи како Клајбург, Данстон и Жижиќ, но тука беше Мициќ кој постигна 29 поени.

Мечот цело време беше речиси во „егал“, а во финишот се влезе со 71-71, во кој Ефес имаше подобар крај и дојде до титулата. Тренерот Ергин Атаман се прости со трофеј, откако од следната сезона седнува на клупата на Панатинаикос.

Се вчитува...