Џерард го „пецна“ Алонсо по хит видеото од тренингот на Леверкузен: Затоа јас изведував слободни удари (ВИДЕО)

Пред финалниот натпревар во Лига Европа помеѓу Аталанта и Баер Леверкузен, тренерот на германскиот состав, Чаби Алонсо стана хит на социјалните мрежи по објава на видео од тренингот на неговиот тим каде 42-годишникот изведе слободен удар и милиметри го делеа од перфетен обид во аглот.

Објавата ја прокоментира и неговиот поранешен капитен од деновите поминати во Ливерпул, Стивен Џерард кој го сподели видеото и додаде „Затоа јас ги изведував“.

Стивен Џерард и Чаби Алонсо заедно го носеа дресот на Ливерпул од 2004 до 2009 година.

Се вчитува...