Teн Хаг во финалето на ФА купот за последен пат ќе го води Манчестер јунајтед

Англиските медиуми пренесуваат дека управата на Манчестер Јунајтед донела одлука да го разреши менаџерот Ерик Тен Хаг без разлика на исходот од саботното финале на ФА Купот против Манчестер Јунајтед.

„Гардијан“ eксклузивно ја пренесува веста дека Манчестер Јунајтед веќе одлучил да го отпушти холандскиот тренер и потсетува дека слична судбина доживеа и неговиот многу попознат сонародник Луис Ван Гал иако го освои ФА Купот во 2016 година.

Очигледно, Сер Џим Ретклиф и неговите соработници повеќе немаат доверба во Тен Хаг и неговиот „проект“, кој тој упорно го промовира последните денови.

Манчестер Јунајтед оваа сезона претрпе дури 14 порази во првенството и заврши на осмото место, што е нивна најлоша позиција од формирањето на Премиер-лигата.

Се вчитува...