Скандалот со обложување ќе му ја заврши кариерата на Пакета?

Бразилскиот репрезентативец Лукас Пакета се соочува со потенцијален крај на кариерата откако вчера беше официјално обвинет од Фудбалската асоцијација на Англија за прекршување на правилата за обложување.

Причината за ова е потенцијалната казна од десетгодишна забрана од фудбалот што би можел да ја носи играчот од средниот ред. Вчера тој беше обвинет за четири различни обвиненија за местење на натпревари од Премиер лигата, добивање намерно жолти картони за да влијае во корист на еден или повеќе поединци.

Истрагата за Пакета започна уште во септември минатата година по извештаите за сомнителни облози во врска со жолтите картони на играчот од средниот ред на Вест Хем во првото коло од веќе завршената сезона 2023/24.

Денеска весникот „ АС “ излезе со информација дека местото на Лукас Пакета во националниот тим за Копа Америка е под сериозно прашање по обвинувањата. „Кариоките“ покажаа дека немаат намера да прават компромиси во вакви случаи уште на почетокот на изминатата кампања, кога Антони од Манчестер Јунајтед беше суспендиран по истрагите против него за семејно насилство.

Се вчитува...