Иронијата на фудбалот: Тен Хаг доби отказ, а за две години има повеќе трофеи од Артета за пет

Ерик тен Хаг е најновиот пример на фудбалска иронија во модерниот бизнис свет во најважната споредна работа на светот, откако холандскиот стратег со триумф над Манчестер Сити и пехар во ФА Купот на Англија ја заврши својата авантура како предводник на Манчестер Јунајтед.

Бројките најчесто говорат најмногу кога станува збор за тренерскиот занает, а тие велат дека Тен Хаг дојде во клубот по една разочарувачка сезона, во првата година успеа да стигне до пехарот во лига-купот, во втората до ФА Купот на Англија. Во првата стигна и до место во ЛШ, во втората со денешниот трофеј обезбеди учество во Лигата на Европа. Само за споредба, Ерик тен Хаг за две сезони како предводник на Манчестер Јунајтед освои повеќе трофеи од Микел Артета за пет години како предводник на Арсенал, Шпанецот потроши и повеќе пари на нови фудбалери, но се уште се смета како „генијалец зрел за титула“ додека Тен Хаг како “промашување“ си заминува од „Олд Трафорд“.

Јасно е, екс-тренерот на Ајакс ја плати цената за разочарувачката сезона во Премиер-лигата и во Лигата на Шампионите, но останува фактот дека Тен Хаг имаше премногу проблеми со повреди во текот на целата сезона, што го оневозможи да го извади максимумот од тимот. Во таква ситуација, тој успеа да извлече блесоци од тинејџерите Гарначо и Маино, кои се промовираа во нови ѕвезди на тимот, воедно токму тие двајца и ги постигнаа головите во денешното големо финале.

Останува да се види дали и кај новиот тренер ќе ја имаат слободата во играта и минутажата што ја имаа кај Ерик тен Хаг.

Се вчитува...