Анализа на „Тотал фудбал“ за Горан Пандев: Гениј со убиствен инстинкт за гол!

Македонскиот репрезентативец Горан Пандев и на свои 36 години игра на врвно ниво во Серија А, повеќе од една деценија издвојувајќи се како еден од најзабележителните странци во италијанскиот фудбал.

Сето тоа не останува незабележано и од европските фудбалски аналитичари издвојувајќи го како еден од најсветлите примери за вистинското значење на фудбалот. Извонредна детална анализа за Горан Пандев носи и „Тотал фудбал“ нагласувајќи го како фудбалерот кој носи разлика во Серија А.

„Пандев актуелнава, се уште незавршена, сезона во Италија има седум гола во 1145 одиграни минути. Тоа што го издвојува од останатите е нескриениот силен инстинкт за голови. Напаѓачот на Болоња просечно бележи само 0,3 голови на 90 минути, но природата на неговите погодоци го издвојуваат неговиот квалитет на ‘ловокрадец’ во шеснаесетникот. Пред и во шеснаесетникот Горан Пандев е гениј со убиствен инстинкт за гол“ – пишува „Тотал фудбал анализи“.

Низ анализата посебно се потенцира фактот дека Пандев има неверојатно висок процент на постигнати голови од шутеви кон гол. Македонскиот фудбалер има седум гола од 22 упатени шутеви кон противничките голови (32%), што го издвојува по овој аналитички податок на врвот од листата и пред Роналдо, Лукаку, Џеко, Лаутаро Мартинез… Иако, по бројот на упатени шутеви кон гол е дури на 142. место.

Комплетната анализа на „Тотал фудбал“ за Горан Пандев може да ја прочитате на следниот ЛИНК.

Се вчитува...