Анчелоти: Белингем за наследник на Крос? Нема шанси…

Заминувањето на Тони Крос е главна вест во мадридските медиуми по синоќешниот проштален меч на германскиот ас на „Сантијаго Бернабеу“.

Крос беше еден од клучните фудбалери во средниот ред, а Карло Анчелоти сигурно ќе има тешка задача да го замени. Италијанскиот стратег сепак веднаш ги отфрли најавите на делод шпанските медиуми, дека по доаѓањето на Килијан Мбапе тој ќе го врати Џуд Белингем да игра нешто поповлечено во средниот ред и да го заземе местото на Крос.

„Белингем за наследник на Крос? Нема шанси… Белингем ги покажа своите квалитети, јасно е дека за нас е многу подобро тој да биде што поблиску до противничкиот шеснаесетник. Ние имаме други играчи за врска, можеби и ќе донесеме уште некое засилување за овој дел од тимот“, прокоментира Карло Анчелоти.

Се вчитува...