Анчелоти: Бензема е најдобриот напаѓач во светот

Реал Мадрид игра во голема форма сезонава, а еден од клучните играчи во составот на Карло Анчелоти е извонредниот напаѓач Карим Бензема.

Французинот дефинитивно го игра најдобриот фудбал во својата кариера и со голема леснотија постигнува голови. Анчелоти е воодушевен од неговите игри и не штедеше суперлативи за својот играч.

„Мислам дека Бензема е најдобриот напаѓач во светот во моментов, бидејќи на своите одлични игри како асистент придодаде и неверојатна голгетерска статистика. Може да постигнува голови како Кристијано Роналдо или Ерлинг Халанд и ја прави разликата на теренот. Тоа го видовме на натпреварот со Атлетик Билбао, погоди два пати за кратко време, игра во голема форма“, изјави Италијанецот.

Оваа 2021 година Бензема ја завршува со 30 голови во Ла Лига на 38 натпревари и плус има 11 асистенции.

Се вчитува...