Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти откри дека претседателот Флорентино Перез има големи планови за иднината на тимот, а револуцијата ќе ја започне со реализација веќе од следното лето.
Италијанецот зборуваше и за можните засилувања, меѓу кои е и Килијан Мбапе од ПСЖ, кој има договор со францускиот гигант до следното лето.
„Дури и да дојде Мбапе во екипата, тоа нема да влијае на позицијата на Винисиус Жуниор, кој останува наше лево крило“, дециден е тренерот.
За потесетување, „кралевите“ синоќа ја победија Севиља со 2-1, а победничкиот гол беше во дело на Винисиус Жуниор во 87. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА