Германскиот фудбалер Тони Крос изненади со одлуката да стави крај на богатата кариера по крајот на сезоната 2023/24 и настапот со својата репрезентација на престојното Европско првенство. 34-годишникот заминува во пензија како што посакуваше, на врвот на својата кариера и со освоено шпанско првенство и трофеј во Лигата на Шампиони.
Одлуката на Крос сега ја прокоментира и тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти кој во разгвор за италијанските медиуми откри дека му порачал на Германецот дека доколку сака да се врати од пензија и одново да заигра во „кралскиот“ дрес на есен потребно е да направи само еден телефонски повик.
„Му кажав на Крос дека ако на есен го промени мислењето за пензионирање треба само да ме побара на телефон и одма ќе започнеме“, изјави легендарниот италијански стратег.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА