Нејмар конечно е подготвен да игра за Бразил на Светското првенство оваа година.
Првата ѕвезда на тимот ќе биде подготвена за натпреварот против Шкотска во третото коло од групната фаза, откако се опорави од повредата што го мачи со недели.
„Нејмар ќе тренира сам во сабота. Во недела ќе го започне процесот на работа со тимот и ќе биде во комбинација за натпреварот против Шкотска “, рече селекторот на Бразил, Карло Анчелоти.
Ова е добра вест бидејќи Рафиња се повреди против Хаити и сè уште не е познато дали и каква пауза го очекува.
Нејмар го одигра својот последен натпревар за Сантос на 17 мај кога го повреди листот, од кој сè уште се опоравува.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
