Сега веќе е јасно, оваа сезона е последна во кариерата на Лука Модриќ како член на Реал Мадрид, а Хрватот ја одбил понудата на Карло Анчелоти да стане дел од стручниот штаб на „кралевите“ од наредната сезона.
Тој ќе одигра најмалку уште една сезона во клуб што дополнително ќе го избере, а „кралевите“ веќе ја почнаа потрагата по нов плејмејкер кој би го наследил Модриќ во тимот на Реал. Според информациите од Шпанија, Карло Анчелоти има своја желба за оваа позиција – и тоа сонародникот Николо Барела кој настапува за Интер.
Овој 27-годишен фудбалер игра во одлична форма во последните неколку сезони, а Анчелоти е убеден дека тој одлично би се вклопил во неговите тактички замисли. Поради тоа, искусниот стратег побарал од претседателот Флорентино Перез да го доведе на „Сантијаго Бернабеу“, а првиот човек на Реал наскоро би требало да стапи во контакт со раководството на Интер.
Добро познато е дека „нероаѕурите“ имаат финансиски проблеми, Барела е проценет на 75 милиони евра, па италијанскиот гигант би бил подготвен на продажба на овој стандарден првотимец доколку Перез испрати сериозна понуда околу оваа сума.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА