Анчелоти го изнафали Модриќ, но има и дилема поврзана со него

Реал Мадрид се пласираше во финалето на Суперкупот на Шпанија откако славеше во супер интересен натпревар против Барселона по продолжение со 2-3. Мадридјани два пати поведуваа, прво преку Винициус Џунор во 25. минута, а потоа и преку Бензема во 72. минута, но каталонците два пати се враќаа преку Де Јонг во 41. минута и Фати во 83. минута.

Победникот беше одлучен во продолжението, а херој на „кралскиот тим“ беше Валверде кој ја затресе мрежата во 98. минута по одличен контра напад што го натера тренерот Карло Анчелоти направи интересна споредба помеѓу Модриќ и уругвајскиот херој.

„Лука е неверојатно квалитетен и многу е тешко да направиш притисок над него, но Валверде беше оној кој го постигна одлучувачкиот гол за финале. Мораме да ги процениме работите. Без Модриќ во играта лесно губиме посед, но со Валверде добиваме повеќе опции и сила во нападот“, изјави искусниот италијански стратег.

Се вчитува...