Анчелоти го носи и Ирвинг Лозано во Евертон

Италијанскиот стратег Карло Анчелоти продолжува со формирање на силен тим во Евертон. По потписот со Хамес Родригез следна мета на тимот од Ливерпул е мексиканскиот репрезентативец Ирвинг Лозано.

Ирвинг Лозано во Наполи стигна токму на барање на Карло Анчелоти, но по неговото заминување од клубот од „Сан Паоло“, Лозано има скромна минутажа бидејќи не се наоѓа во тактичките замисли на Џенаро Гатузо.

25-годишникот досега за „наполитанците“ запиша 26 настапи на кои постигна четири гола. Претходно тој две сезони беше член на холандскиот ПСВ Ајндховен во кој на 60 настапи постигна 34 гола.

Се вчитува...