Анчелоти го сака Хамес Родригез во Неапол

Италијанскиот калчолигаш Наполи го посакува во своите редови колумбискиот интернационалец Хамес Родригез. Тренерот Карло Анчелоти има голема желба повторно да соработува со одличниот играч за врска кој изминатите две сезони настапуваше во Баерн Минхен, а претходно заедно беа дел од Реал Мадрид. Тој многу добро ги познава квалитетите на Колумбиецот и верува дека тој може да биде големо засилување за тимот.

Баерн Минхен не ја прифати опцијата за комплетно откупување на договорот на Хамес Родригез. Баварскиот клуб требаше да плати уште 42 милиони евра, откако претходно исплати 13 милиони евра за двегодишната позајмица. Се очекува Наполи да понуди околу 35 милиони евра за овој трансфер, а Реал Мадрид сака да го продаде за да ослободи средства за ангажман и на Кристијан Ериксен. „Кралевите“ досега купија пет нови засилувања за новата сезона.

Се вчитува...