Анчелоти го сака Кутињо во Евертон

Бразилскиот интернационалец Фелипе Кутињо ќе го напушти Баерн Минхен по завршувањето на сезоната со оглед дека баварскиот клуб нема намера да го откупи комплетно од Барселона по двегодишната позајмица. Според договорот, Баерн Минхен има право да реализира целосен трансфер на Кутињо за сума од 120 милиони евра, но раководството на клубот процени дека тоа е сепак преголема инвестиција во овој период на глобална економска криза предизвикана од коронавирусот.

Барселона има во план да го продаде Кутињо, но и очигледно е дека ќе мора да ја намали сумата, а еден од заинтересираните клубови е англискиот премиерлигаш Евертон. Менаџерот Карло Анчелоти сака да го има Бразилецот во тимот, а раководството на клубот е подготвено да плати 80 милиони евра. За фудбалерот за врска интерес покажува и Челси.

Се вчитува...