Анчелоти и објави војна на ФИФА, Реал Мадрид веднаш го смири: Ќе играме на Светското клупско првенство

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти во изјава за шпанските медуми кажа дека неговиот тим нема намера да настапи на Светското клупско првенство кое во месеците јуни и јули 2025 година ќе се одржи во Соединетите американски дражви.

Искусниот италијански стратег застана на страна на фудбалерите велејќи дека таков непотребен напор не е добредојден и дека очекува бројни клубови да се спротивстават на идејата, но раководстото на клубот експресно го демантираше својот тренер.

„Реал Мадрид сака да соопшти дека во ниту еден момент прашањето на учеството на Светското клупско првенство 2024/2025 не било доведено во прашање. Нашиот клуб ќе учествува како што е планирано и ние сме горди што сме вклучени во него и што повторно ќе инспирираме навивачи ширум светот во борбата за уште еден трофеј“, стои во соопштението на Реал.

Се вчитува...