Анчелоти може да „здивне“: Бензема не е тешко повреден, брзо ќе се врати на терен

Карло Анчелоти може да здивне. Карим Бензема не е тешко повреден, и ќе се врати на терените многу брзо. Загижени беа од таборот на „кралевите“ кога во 17. минута Бензема го напушти натпреварот на „Аноета“ во Сан Себастијан.

Наместо него на теренот влезе Лука Јовиќ, кој подоцна постигна и гол.

Според најавите, Бензема дури може да се врати во натпреварот од Лигата на шампионите против Интер. Сепак, и доколку го „скокне“ овој меч, тогаш сигурно ќе биде на располагање за натпреварот со Атлетико идниот викенд.

Бензема оваа сезона постигна вкупно 17 голови, од кои пет во ЛШ и 12 во Ла Лига.

Се вчитува...