Анчелоти му го разубави денот на навивач на Евертон: „Ало, Карло е…“ (ВИДЕО)

Именувањето на Карло Анчелоти на клупата на Евертон со воодушевување беше дочекано од навивачите на клубот. Освен што Евертон се врати на победничките патеки, Анчелоти се потруди да направи уште еден одличен гест поради што собра дополнителни симпатии.

Тој слободното време го користи за да контактира навивач на Евертон кој е заразен од коронавирусот грижејќи се за неговото здравје.

„Здраво Марк, како си? Карло е… Знам дека си навивач на Евертон“ – му се јави Италијанецот лично на навивачот кој се лечи од Ковид-19.

„Да, јас сум ваш голем фан Карло“ – му возврати навивачот и дополни: „Јас сум добро. Моментално гледам Нетфликс, ако знаеш некое добро шоу кое би можел да го погледнам…“ 

Се вчитува...